Tuesday, September 28, 2010

Хари Потер и Религвиите на смртта

Хари Потер и Реликвиите на смртта

Хари Потер и Реликвиите на смртта  
Harry Potter and the Deathly Hallows.jpg
Автор Џ. К. Раулинг
Наслов на
оригиналот
Harry Potter and the Deathly Hallows
Илустратор Flag of the United Kingdom.svg Џејсон Кокрофт
Flag of the United States.svg Мери ГрандПри
Земја Flag of the United Kingdom.svg Обединетото Кралство
Јазик англиски
Серијал Хари Потер
Жанр(ови) Фантазија
Издавач Flag of the United Kingdom.svg Bloomsbury
Flag of the United States.svg Scholastic
Flag of Canada.svg Raincoast
Издадена 21 Јули, 2007
Страници Flag of the United Kingdom.svg 607
Flag of the United States.svg 759
Претходна Хари Потер и Полукрвниот Принц
 
Хари Потер и Реликвиите на смртта (англиски: Harry Potter and the Deathly Hallows) е седмото, а воедно и последно продолжение на серијалот книги Хари Потер напишани од англиската писателка Џ. К. Роулинг. Книгата прв пат беше издадена на 21 јули 2007, со што беше завршена серијата што почна во 1997 со издавањето на Хари Потер и Каменот на мудроста. Оттогаш, Џоан Роулинг станува еден од најчитаните писатели во светот. По првиот дел следуваа уште шест други со наслови: Хари Потер и Одајата на тајните, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан, Хари Потер и Пламениот пехар, Хари Потер и Редот на фениксот, Хари Потер и Полукрвниот Принц и последниот дел, Хари Потер и Реликвиите на Смртта.

Вовед во „Хари Потер и Реликвиите на смртта“

Волдеморт повторно се здружува и ги обединува своите поранешни следбеници, Смртојадите. Тој е свесен за пророштвото и сега конечно го разбира: Мора да го убие Хари Потер ако сака тој да живее. Хари во меѓувреме со сите сили се труди да размислува каде да ги најде хоркруксите, предмети во кои Волдеморт ја скрил својата душа откако претходно ја разделил. Хари заедно со Рон и Хермиона ќе проба да ги пронајде хоркруксите и да ги уништи, а потоа на крај да го убие и самиот Волдеморт. Но, Хари е очаен поради загубата на професорот Дамблдор затоа што Дамблдор беше неговиот единствен водач и учител како да се бори против лошиот Лорд Волдемор. Исто така, Хари е затекнат со неверојатни случки: Рита Скитер објавува книга под наслов „Животот и лагите на Албус Дамблдор“ и тоа што Хари ќе го дознае во книгата, ќе ја разниша сета доверба што дотогаш ја имаше во Дамблдор.

Што се Реликвиите на смртта?                            

Реликвиите на смртта се стари предмети кои пред многу години Смртта им ги подарила на тројца браќа. Реликвите на Смртта се три предмети: Старозовното стапче, Каменот на воскреснување и Невидливата наметка. Личноста што ги поседува трите предмети станува Господар на Смртта. Хари ја има невидливата наметка која му е оставена од татко му и тој отркива дека еден од браќата е негов предок. Каменот на воскреснувањето е скриен во Летачот што Хари Потер го фати, односно го проголта во текот на неговиот прв квидич меч. Единствено што преостанува е Хари да го најде Старозовното стапче, но тоа е проблем затоа што и Волдеморт исто така трага по тоа стапче.

1 comment: