Даниел Редклиф-ХариХари Потер и Каменот на мудроста (филм)
Хари Потер и Каменот на мудроста (
англиски:
Harry Potter and the Philosopher's Stone, во
САД и Индија пренасловен како
Harry Potter and the Sorcerer's Stone), е фантастично-авантуристички филм од
2001 година базиран врз
истоимениот роман од
Џоан К. Роулинг. Режиран од
Крис Колумбус, е прв филм од популарниот
Хари Потер филмски серијал. Приказната го следи
Хари Потер, момче кое на својот единаесетти роденден дознава дека е
волшебник и започнува со своето волшебно образование во училиштето за
магии и волшебништво
Хогвортс.
Даниел Редклиф го глуми Хари Потер, наспроти
Руперт Гринт и
Ема Ватсон, како најдобрите другари на Хари,
Рон Визли и
Хермиона Гренџер. Возрасниот дел од актерската екипа е сочинет од
Ричард Харис,
Меги Смит,
Роби Колтрејн,
Алан Рикман и
Иан Харт.
Warner Bros. ги купиле правата за книгата во
1999 година. Продуцијата започнува во
2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка листа на кандидати да го создаде филмот. Писателката Роулинг инсистирала целата актерска екипа да се состои од
Британци или
Ирци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот. Роулинг исто така го одобрила и сценариото напишано од
Стив Кловс. Филмот во главно се снимал во
Leavesden Film Studios, како и во историски градби низ државата, и конечно беше излезен во САД и Обединетото Кралство во неомври, 2001. Заедно со во поголем дел позитивната критичка прифатеност, филмот заработи 976 милиони долари и три номинации за
Оскар. Филмот исто така е петти филм со најголема зараборувачка на сите времиња.
Втората,
третата,
четвртата,
петтата и
шесттата се сите адаптирани во успешни филмови, со седмиот потврден.
Синопсис
- Повеќе информации: Содржина на Каменот на мудроста
Хари Потер е навидум обично единаесет годишно момче кое живее со своите запоставувачки роднини, Дарслиеви. На неговиот единаесетти роденден, Хари дознава од мистериозен странец,
Рубеус Хагрид, дека тој е всушност
волшебник, познат помеѓу волшебното општество поради неговото преживување на нападот од страна на мрачниот волшебник
Лорд Волдеморт, кога Хари имал само една година. Волдеморт ги убил родителите на Хари, но нападот врз Хари не успеал, оставајќи му на Хари само лузна во облик на молња на неговото чело и оставајќи се себеси безмоќен. Хагрид му открива на Хари дека е повикан да започне со настава во
Хогвортс, училиште за магии и волшебништво.
И покрај противењето на неговите тетка и тетин, Хари оди во Хогвортс каде започнува да изучува магии и да запознава нови пријатели, истовремено и непријатели, меѓу учениците и персоналот во Хогвортс. По нападот на Хари, Волдеморт останал во полумртва состојба и целото време го поминал во криење, но сега решава да си ја поврати силата користејќи го
каменот на мудроста, кој му овозможува бесмртност на оној што го поседува. Хари и неговите пријатели,
Рон Визли и
Хермиона Гренџер го откриваат планот и се обидуваат да ја спречат кражбата на каменот, кој се наоѓа скриен во добро чувана одаја во Хогвортс. Тројцата се сомневаат во
професорот Снејп, учител кој поради непознати причини го презира Хари. Но, виновникот е всушност плашливиот учител, Квирл, кои дејстува по наредби на Волдеморт. Хари успева да го порази Квирл, и каменот е засекогаш уништен од
Албус Дамблдор и
Николас Фламел, спречувајќи ја шансата на Волдеморт да си ја поврати моќта.
[уреди] Актерска екипа
- Повеќе информации: Листа на членови на Хари Потер актерската екипа
Роулинг лично инсистирала да актерската екипа биде исклучиво британска.
[3] Сузи Фигс била задолжена за распоредувањето на улогите, работејќи со обајцата Колумбус и Роулинг за време на аудицијата за трите главни улоги Хари, Рон и Хермиона.
[4] каде само британските деца биле земани во предвид.
[5] Главните аудиции биле поделени во три дела, првиот се состоел со читање на една страна од
Хари Потер и Каменот на мудроста, потоа ако биле повикани повторно, тие морале да изглумат една сцена од ученичкото пристигнување во Хогвортс, и за крај им биле доделувани неколку страници од сценариото, кои тие ги читале пред Колумбус.
[6] На 11 јули 2000 година, Фигс ја напуштила продукцијата, жалејќи се на тоа што Колумбус не сметал ниедно од илјадниците останати деца кои се пријавиле и биле „подостојни“.
[7] На 8 август 2000 година, тогаш непознатите Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт биле одбрани од илјада други деца, да ги толкуваат улогите на Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер.
[8]
- Даниел Редклиф го толкува Хари Потер, дете со лузна во облик на громотевица на челото и со способност да прави необични работи да се случуваат околу него. Тој бил одгледан од тетка му и тетин му уште од една година, поради смрта на неговите родители, кои не ги памети, бидејќи бил многу мал. На неговиот единаесетти роденден Хари открива дека е волшебник и почнува да го посетува Хогвортс училиштето за магии и волшебништво. Колумбус го сакал Редклиф за улогата уште од кога го видел на ВВС за аудицијата на Дејвид Коперфилд, но се дознава дека презаштитничките родители на Даниел не сакале да го пуштат Даниел да ја толкува улогата. Редклиф бил повикан да присуствува на аудицијата во 2000 година, кога Хејмен и Кловс ги запознале неговите родители на продукцијата на Камења во неговите џебови во Лондон. Хејмен и Кловс успешно успеале да ги убедат неговите родители дека нивниот син ќе биде заштитен од „нападите“ на медиумите и жолтиот печат и неговите родители се согласиле тој да го глуми Хари. Роулинг прифатила Даниел да биде Хари, изјавувајќи дека „знаејќи го Колумбус била сигурна дека тој нема да може да најде подобар глумец за Хари дури и да сакал“. На Редклиф му биле платени 1 милион долари, иако тој почувствувал дека сумата и не е „толку важна“. Вилиам Мусли, кој е одбран да го глуми Питер Пенсеви во Хрониките на Нарнија исто така се пријавил да го глуми Хари.
- Руперт Гринт го глуми Рон Визли, цервенокосо момче-волшебник, најмладиот син од сиромашно семејство со седум деца (постар само од една сестра), кој развива големо пријателство со Хари. Како тринаесетгодишник, Гринт бил најстариот глумец од триото. Тој мислел дека е идеален за улогата бидејќи имал црвеникаста ѓумбур коса и бил голем обожавател на книгите. Кога видел реклама на една детска емисија дека има отворено бирање на улогата за Рон тој снимил кратко видео со како тој ги моли да го примат и дека не може да опише колку сака да го глуми Рон. Неговиот обид бил успешен и бил повикан на разговор.
- Ема Ватсон ја глуми Хермиона Гренџер, екстремно интелигентна вештерка која е со „нечиста крв“ (нејзините родители се неволшебници) која на почетокот иако ги нервира Хари и Рон, по борбата со тролот таа им станува најдобра пријателка. Импресионирана од нејзините изведби на школските претстави, учителката по глума на Ватсон ја пријавила Ема на агентите за бирање на улогата. Ватсон многу сериозно ја сфатила својата аудиција, но никогаш не ни помислила дека таа има шанса да ја добие улогата. Продуцентите биле импресионирани од нејзината самоувереност и изведба и од милион девојчиња ја одбрале токму неа. Роулинг на почетокот била против Ема да ја глуми Хермиона, бидејќи не ѝ се допаѓал првиот аудициски тест што Ема го правела.
- Ричард Харис го глуми Албус Дамблдор, директорот на Хогвортс и еден од најпознатите и најмоќните волшебници на сите времиња. Тој решава да го остави Хари кај тетка му и тетин му поради смртта на Лили и Џејмс Потер кои биле убиени од Лорд Волдеморт. Харис ја одбивал улогата, сè додека не решил да се согласи бидејќи неговата внука го колнела дека ако не ја прифати улогата никогаш повеќе нема да зборува со него.
- Роби Колтрејн го глуми Рубеус Хагрид, полуџин и чувар на имотот на Хогвортс. Тој го носи Хари на Зеленика со својот летачки мотор, потоа го зема на неговиот единаесетти роденден да го носи во Хогвортс и оттогаш тие двајца градат цврста врска. Колтрејн бил прв избор на Роулинг. Колтрејн, кој веќе бил голем обожавател на книгите, се подготвувал за улогата разговарајќи со Роулинг за минатото и иднината на Хагрид.
- Алан Рикмен го глуми Северус Снејп, наставникот по напивки и глава на Слитерин (една од четирите куќи во Хогвортс). Тој го презира Хари поради минатото со татко му. Тој порано бил Смртојад (следбеник на Лорд Волдеморт), но ја има целосно довербата од Дамбладор. Тим Рот бил заинтересиран за улогата, бидејќи неговите деца биле големи обожаватели на книгите, но поради некои причини Алан ја добил улогата.
- Меги Смит ја глуми Минерва Мек Гонагл, строгата заменичка директорка, глава на Грифиндор и наставничка по преобразување во Хогвортс. Таа е многу моќна волшебничка и знае да се преобразува во мачка, а и во други работи. Таа му помага на Дамблдор да го однесат Хари на Зеленика. Смит била единствен избор на Роулинг.
- Том Фелтон го глуми Драко Малфој, волшебник од богато семејство. Откако Хари ќе ја одбие неговата понуда за „пријателство“ тие стануваат вечни непријатели. Заедно со Редклиф, Фелтон бил единствениот од младите актери кој имал претходно искуство пред камерите.
- Џон Харт го глуми Г-дин Оливандер, сопственикот на Оливандерс, најдобриот произведувач на волшебни стапчиња. Оливандер ја поседува способноста да го најде идеалното стапче на тој што му треба и тој тврди дека го помни секое можно стапче што го има продадено и на кого го продал.
- Метју Луис го глуми Невил Лонгботом, мирен ученик кој е пријател со Хари, Рон и Хермиона. Тој е најчесто измачуван од Малфој и неговата банда. На крајот од филмот го открива планот на Хари, Рон и Хермиона и им се заканува дека ќе ги издаде ако отидат по каменот на мудроста.
- Џон Клис го глуми Речиси-Безглавиот Ник, духот на куќата на Грифиндор, интересен и забавен дух кој сите го обожуваат. Наречен е „Речиси-Безглав“ поради тоа што неговата глава се држи на само два сантиметри месо, џелатот одговорен за неговото погубување не ја наострил добро секирата.
- Џули Валтерс ја глуми Моли Визли, грижливата мајка на Рон. Таа му помага на Хари да стигне до перонот 9¾. Пред да ја одберат Валтерс за улогата, американската актерка Роси О‘Донел одела на разговори со Колумбус за да ја одбере да биде Моли Визли.
- Ричард Бример го глуми Лорд Волдеморт, најмрачниот волшебник на сите времиња. Тој бил поразен и речиси уништен, со клетвата која пробал да ја искористи на Хари, но таа се одбила и го погодила него. Тој се спојува со еден наставник за да го најде каменот на мудроста и да стане повторно човек од крв и месо. Бремер го игра Волдеморт само во една сцена од минатото додека неговото лице и глас кога ќе се појави на тилот на Квирл се на Иан Харт.
Рик Мајал бил одбран да го глуми Пивс (Намќорот), но поради некои причини сцените со него биле избришани